Македонија
27. October 2022 - 16:46
Пратенички прашања во Собранието
Копии од договорот Фронтекс добија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од своите колеги од СДСМ на почетокот на седницата за пратенички прашања за тоа дека македонскиот јазик е загарантиран во Европската унија. Координаторот на СДСМ Митрески побара и извинување од опозицијата за, како што рече, лагите дека се работело за предавство на македонскиот идентитет со францускиот предлог.
Делот со пратеничките прашања пак, опозиционерите го почнаа со аферата „тајни имоти“.
Прашање за аферата доби и претседателката на антикорупциската комисија.
Таа додаде и покрај тоа тоа што неподнесувањето на анкетен лист се смета само за прекршок тие како антикорупционери секогаш на тоа гледаат како сомнеж за можна злоупотреба.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
