Последни пратенички прашања - пратениците одат на одмор со само 88 работни дена
Контроверзни македонски државјанства клучна тема на седницата на пратенички прашања и од опозицијата, но и од власта.
Пратеникот Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ го праша Ковачевски дали пред да го избере за директор на АНБ Зарко Милошевски знаел дека тој како оперативец го потпишал документот за Онишченко, и ако не знаел дека сега би го разрешил.
Опозицијата пак доби контра-случај од нивното време на владеење. Пртеникот на власта Енес Ибрахим од Партијата за движење на Турците праша за македонско државјанство на трускиот миљардер Ризе Зараф, кој е роден во Иран, а кој во моментов е во притвор во САД, добиено во 2015 година.
Опозицијата повторно го обнови и случајот „Броило“ за фирми блиски до премиерот Ковачевски во контекст на борба против корупцијата. За вицепремиерот за добро владеење Грковска случајот е затворен – нема судир на интереси.
Ова е последна седница на пратениците за оваа година. Според статистиката, во 2022 година тие имале само 88 работни дена на пленарни седници. Лоши се резултатите и во комисиските расправи. Комисијата за образование иако имала 10 закони што треба да ги разгледа, не успеала да заврши ниту еден.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
