Поранешниот шеф на кабинет на Зеленски осомничен за перење пари

Украинските антикорупциски власти открија наводна шема за перење пари во која е вклучен поранешниот шеф на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, јави ДПА.
Националното биро за борба против корупција на Украина (NABU) и Специјализираното обвинителство за борба против корупција (SAP) вчера соопштија дека организирана група наводно испрала еквивалент на речиси девет милиони евра (10,6 милиони долари) во врска со луксузен градежен проект во близина на Киев.
Јермак е осомничен дека е дел од групата, наведе германската агенција.
Тој поднесе оставка кон крајот на ноември минатата година поради корупциски скандал по претресите на неговиот дом.
Јермак со години беше еден од најдоверливите луѓе на украинскиот претседател Володимир Зеленски и ја водеше претседателската канцеларија од 2020 година. Тој се сметаше за втор најмоќен човек во Украина
MИА
Ново на Сител
-

Ново судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Пуштени во употреба новите реконструирани сали за операција во ГОБ „8 Септември“
-

Мицкоски: Со неверување ја примив информацијата за запрената постапка за мазутот
-

Подготвен нов закон за природа
-

Првото „ФИФА Арена“ игралиште во Македонија отворено во Општина Босилово
-

„Калиманци“ полна, каналите стари, стартува наводнувањето во Овче Поле
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
