Македонија
30. јуни 2023 - 16:36

Поранешниот директор на Психијатриската болница во Бардовци именуван за нов в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“

Од долгогодишен менаџер на Психијатриската болница во Бардовци, Ќамил Ковачи од дененска ќе раководи со Улици и Патишта. Скопската градоначалничка го разреши Саит Саит кој само два месеци беше на директорската функција во јавното претпријатие иако имал менаџерски договор.

Ковачи е од Сарај и доаѓа од огнената група на ДУИ. До скоро беше директор на здравствена установа и се најде на списокот на разрешени директори кои го добивме од Министерството за здравство а кои биле сменети  претходно направени контроли, како што вечеше Меџити. Не одговорија дали причините се од партиски карактер.

Од кабинетот на Арсовска немаат наведено дека Ковачи раководел и со болница туку само неговото искуство како долгогодишен директор на комуналното претпријатие во Сарај.

Нема објаснување ниту зошто е разрешен Саит и дали ќе му бидат плаќани пенали поради договорот.

- Град Скопје продолжува да работи во интерес на граѓаните, навремено, квалитетно и транспарентно, е краткото образложение од градоначалничкиот кабинет.