Поранешен припадник на ОВК приведен на Блаце, по распит пуштен на слобода
Поранешниот припадник на ОВК, Фадиљ Пушколи, синоќа бил приведен на граничниот премин Блаце при влез во Македонија, објавија косовските медиуми.
Според Пушколи, приведувањето било поврзано со потерница издадена од српските власти и со неговото поранешно членство во ОВК. Тој преку својот профил на Фејсбук побарал помош од институциите во Косово.
Неколку часа подоцна Пушколи соопштил дека, по разговор и испрашување од македонската полиција, бил пуштен на слобода.
Тој ѝ се заблагодарил на македонската полиција за, како што навел, коректниот и професионален однос во текот на постапката, а посебно ги споменал полицајците Албанци.
Засега нема официјално соопштение од македонските надлежни институции со детали за причините за неговото приведување, ниту официјална потврда дека по него постои активна српска потерница.
Ново на Сител
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
-

25. годишна конференција на Македонска берза
