По обвинувањата за закани од Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ бара да се преипита нејзината деловна способност
Скопската градоначалничка Арсовска да си ја преиспита деловната способност пред да објавува наводни закани кон нејзе, велат од опозицската ВМРО-ДПМНЕ откако таа вчера тврдеше дека лидерот на партијата Мицкоски и се заканувал доколку не работи по негов налог.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека овие изјави на Арсовска се резултат на тајните средби со премиерот Ковачевски и дека ако навистина имало закани таа досега ќе ги пријавила до надлежните институции.
Од власта пак, велат дека токму овие изјави на ВМРО-ДПМНЕ се доказ дека нема промени во однесувањето на опозицијата, но и дека скопјани не требало да бидат заложници на кавгите на Мицкоски и Арсовска.
Градоначалничката на Скопје вчера во телевизиско гостување обивни дека дека лично и директно добила закани од Мицкоски, но и дека на тој што се заканува не треба да му се дозволи да биде на функција.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
