Пјонгјанг: Прашањето за денуклеаризација е „неповратно завршено“

Северна Кореја денеска соопшти дека прашањето за денуклеаризацијата е „неповратно завршено“, осудувајќи ги неодамнешните разговори меѓу Јужна Кореја и САД кои ја потврдија нивната цел за денуклеаризација на Северна Кореја.
Неименуван портпарол на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ги критикуваше барањата за денуклеаризација на земјата откако Јужна Кореја и САД пред три дена потврдија, на состанокот на билатералната консултативна група за нуклеарни прашања, дека ова е нивна заедничка цел, објави денеска агенцијата Јонхап.
„Неразумно е да се зборува и да се сонува за нуклеарно разоружување на други земји. Бесмислената реторика на САД и нивните вазални сили против Северна Кореја никогаш не може да влијае на неповратната позиција на Северна Кореја како држава со нуклеарно оружје. Денуклеаризацијата е неповратно решено прашање“, изјави портпарол на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја.
МИА
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
