Македонија
14. May 2026 - 11:37

Петгодишно дете паднало од балкон во Гостивар

Петгодишно дете е повредено откако вчера паднало од балкон во семејна куќа во Гостивар. Случајот бил пријавен во ОВР Гостивар од Ургентниот центар во 19:00 часот.

- Детето по укажаната прва помош е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување, информираа од МВР. 

Увид на местото извршила полициска екипа од Гостивар.