Пет тинејџери загинаа во сообраќајка во Ирска додека се снимале како возат во спротивна насока на автопат

Пет тинејџери загинаа во сообраќајна несреќа во Ирска додека се снимале како со украден автомобил возат во спротивна насока на автопат.
Петте момчиња се возеле во украдено БМВ на автопат во округот Килдер југозападно од Даблин, кога удриле во возило од спротивен правец во кое биле четири члена на едно семјство кои се тешко повредени.
Тинејџерите, на возраст меѓу 15 и 18 години, во изминатите денови ги „тероризрирале“ локалните жители со провали и кражби на автомобили.
Тие често објавувале видеа како ги брка полицијата. Едно видео споделено пред нивната смрт го снима ретровизорот на автомобилот и е проследено со зборовите „погрешен пат“.
Возилото во кое се превезувале било украдено претходната ноќ и било забележано во неколку области во близина на Килдер пред да се случи несреќата.
Најновиот трагичен случај е дел од опасен тренд на објавување видеа од диво возење на TikTok и други платформи, што предизвика дебати за одговорноста на полицијата, судството и социјалните мрежи, пишува „Гардијан“.
Потрагата по возбуда и восхит од врсниците преку такво однесување не е нова, но социјалните медиуми го засилија феноменот, објаснува Мери Ајкен, професорка по форензичка киберпсихологија на Универзитетот во Источен Лондон.
- Би го опишала како хибридно однесување. Додека возат, тие истовремено снимаат содржина за подоцнежно објавување или емитување во живо. Тие имаат една нога во реалниот свет, а другата во киберпросторот. Размислуваат само за лајковите и како ќе изгледаат нивните лица, вели Ајкен, додавајќи дека овој виртуелен простор психолошки го преокупира човекот и може да го зголеми преземањето ризик и занемарување на последиците.
Минатата недела, на TikTok се појавија нови видеа од опасно возење, поттикнувајќи критики кон платформата. Компанијата одби покана да се појави пред медиумскиот комитет на ирскиот парламент. Претседателот на одборот, Алан Кели, ја нарече одлуката „шлаканица“ за ирската јавност. Во меѓувреме, други политичари бараат построги казни, како што е класифицирање на возењето во спротивна насока на автопат како обид за убиство.
Се актуелизира прашањето и за овластувањето на полиција, чии претставници пак велат дека тие може да се обидат да ги запрат таквите возачи, но дека целото општество: родителите, наставниците и социјалните работници, мора да интервенираат за да ги спречат младите луѓе со проблеми во однесувањето да тргнат по погрешен.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
-

Прекината епидемијата во Гостивар
-

Чадот од пожарите го загрозува здравјето - најчувствителни се децата и хронично болните
-

Училишниот прибор ќе поевтини до 15 проценти, Владата ќе носи одлука во вторник
-

Пораст на просечната плата за 6,4% годишно, пензиите од септември повисоки за 6 отсто
