Оваа болест е пострашна и од ракот

Канцерот е голем страв кај луѓето ширум светот. Постојат голем број на облици во кои се јавува, но засега една темна сенка преовладува во мислите на луѓето ширум Европа.
Болеста од која Британците се плашат дури и повеќеод ракот е деменција.
Ракот е застрашувачка болест, но медицината успеала да се помрдне во тој поглед, сега изгледите за преживување на заболените во голем број случаи се зголемени. Достапни се операции и третмани, развиена е терапијата со зрачење. Кај деменција тоа не е случај. прогресијат варира, а последиците се многу потресни и за болниот и за неговите најблиски.
Деменција воглавно се рзвива од 65 година, а на оваа болест најчесто влијае стилот на животот, исхраната, физичката активност, како и генетскиот фактор. Може да настапи и по оштетување на главата или мозочен удар.
Еден од нејзините облици е Алцхајмеровата болест, иако се манифестира на различни начини, кои ги има преку 100. Човекот кој ќе ја добие оваа болест станува изгубен, заборава да зборува, го заборава идентитетот, како и некои научени физички работи, па дури и одење во тоалет.
Дури една од шест лица во староста заболува од деменција.
Тоа што луѓето посебно ги плаши е што модерната медицина може само да го успори напредувањето на оваа болест, но лицето со ваква болест го чекаа страшно исуство.
Ново на Сител
-

Ставен во употреба новиот АТМ систем на меѓународниот аеродром Скопје
-

Пецаков: Ова лето застапеност на туристи кои ретко доаѓале во Охрид
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
