Османи: Топката е кај нас – уставните измени ќе одлучат дали ќе има одвојување или продолжување на процесот на преговори со Албанија
Нема одделување од Албанија на патот кон Брисел ако се спроведат уставните измени, уверува шефот на дипломатијата. Османи вели дека не треба да се извлече никаква порака од изјавата на францускиот претседател, Макрон кој вчера не ја ни спомна Македонија, бидејќи тој бил во билатерална посета на Тирана и поради тоа, пораките биле насочени кон Албанија.
- Ставот на Франција мислам дека е недвосмислен во однос на двете држави. Дали ќе има одвојување веќе треба да ги прашате од нашата опозициска партија во овој момент, бидејќи топката е кај нас – уставните измени се моментот којшто ќе одлучува дали ќе има одвојување или продолжување на процесот на преговори заедно со Албанија, рече Османи.
Османи е оптимист дека измените за внесување на Бугарите во Уставот ќе се случат.
-Јас сум оптимист дека успеат уставните измени и оттука и дека нема да се случи одвојување, рече Османи.
Шефот на дипломатијата не стравува дека Македонија ќе загуби европски пари ако не спроведува реформи, бидејќи вели дека земјава била шампион по реформи во региониот.
Ова доаѓа откако вчера во Тирана беше претставен концептот според кој земјите-кандидати имаат пристап до одредени фондови тогаш кога ќе спроведат реформи за да ги отклучат. Планот подразбира и дека реформираните држави побрзо ќе добијат пристап и до заедничкиот пазар и членство во форумите.
Ваквиот концепт за првпат беше претставен од претседателката на Европската Комисија и кој има за цел кандидатите полека да се интегрираат во ЕУ уште пред формално да станат нејзини членки.
-Недвосмислено ние сме многу напред во однос на реформите. Така што, најмногу ни одговараше токму нам овој пристап бидејќи граѓаните и државата ќе ги почувствуваат придобивките од овој нов пристап веднаш, рече Османи.
За Османи важно што проценката на спроведените реформи ќе ја прави Европската Комисија и на тој начин ќе се избегнело влијание од одредени земји-членки.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
