Македонија
1. July 2023 - 17:09

Османи најавува разговори со крило во ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата тврди дека манипулира

Власта го почнува прцесот на поединечни разговори со пратениците за уставните измени, но за министерот за надворешни работи тоа не било притисок да се согласат на менување на Уставот. Османи е оптимист дека можностите со ВМРО-ДПМНЕ не се целосно исцрпени и се’ уште има надеж за дијалог.

Без да каже конкретно за какви структури станува збор, Османи тврди дека во опозицијата има крило кое е подготвено да се согласи на уставните измени. 

За опозицијата темата за уставни измени била затворена. За нив изјавата на Османи е обид на власта да ја дефокусира јавноста од реалните проблеми. Повикуваат на предвремени избори како единствено решение за излез од состојбата. 

Власта најавува дека крајот на јули ќе биде периодот кога пред пратениците ќе се најдат материјалите за гласање на потребата за отворање на Уставот. Собранието пак, чека влада да го достави материјалот и да почнат да течат законските рокови.