Османи го презентираше вториот протокол со рокови по поедини поглавја
Краткорочни и долгорочни мерки во делот на евроинтеграциите, историјата, говорот на омраза, малцинските права и рехабилатација на жртвите од комунизмот предвидува протоколот кој утринава го потпиша шефот на дипломатијата Османи со неговата бугарска колешка Генчовска. Османи прв пат, пред јавноста го презенетираше документот кој посредно е поврзан и со францускиот предлог, а документот вечерва треба да биде и јавно објавен истовремено кога тоа ќе го стори бугарското МНР.
Во делот на историјата, Османи тврди дека обврските ќе бидат реципроцитетни, а нив ќе ги одредува историската комисија која била автономна во работата. Двете политички страни само ја охрабруваат побрзо да работи.
Сепак, Османи признава дека Софија може да стави вето во евроинтеграциите ако смета дека историската комисија не ги исполни обврските.
Во делот на евроинтеграциите, пак, Македонија презема обврска да го промени Уставот за внес на Бугарите во него со цел да биде одржана втората меѓувладина конференција. Промените ќе се прават во Преамбулата, но и во нормативниот дел односно во амандманот 12 кој се однесува на малцинските права на помалите заедници. Османи е уверен дека уставните измени,и покрај противењето на македонската опозицијата, ќе се случат.
Јазикот, според шефот на дипломатијата, сепак, останува зачуван.
Сепак, шефот на дипломатијата признава дека нема реципроцитет со Софија за признавање на македонското малцинство.
Шефот на дипломатијата потврди дека во вторник во Брисел ќе се одржи првата Меѓувладина конференција и дека таа ќе значи почеток на преговорите бидејки веднаш ќе почне скринингот на Брисел на инстиуциите.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
