Општина Центар почна со расчистување диви депонии и наталожен отпад

На повеќе локации низ Општина Центар викендов се расчистувале депонии и наталожен отпад, соопшти прес-службата на Општината.
-Општина Центар ја започна и есенската офанзива, во рамки на која општинските служби ги обиколуваат маалата и урбаните заедници и пристапуваат кон решавање на проблемите на терен. Се санираат ударни дупки, оштетена урбана опрема, паднати и оштетени столпчиња и други оштетувања кои се во надлежност на Општината, наведуваат оттаму.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски истакна дека екипите ќе продолжат со засилена работа на терен и во наредниот период.
-И овој викенд нашите екипи се на терен и ги расчистуваат дивите депонии. Паралелно, со есенската офанзива одиме маало по маало, улица по улица, ги лоцираме проблемите и реагираме. Ги санираме ударните дупки, оштетената урбана опрема, столпчињата и сè она што е во наша надлежност. Проблемите што ги гледаме на терен, но и оние што ни ги пријавуваат граѓаните, ги решаваме етапно и во најкраток можен рок - порачал Герасимовски.
Од Општината додаваат дека општинските служби ќе продолжат да ги следат пријавите од граѓаните и да интервенираат на локациите каде што е потребно, со цел Центар да биде почист, поуреден и побезбеден.
миа
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
