Охридските волонтери по четврти пат добија пехар за промоција на хумани вредности
Охридските волонтерите пример за хуманост.20 млади волонтери на Црвениот крст преку проекти за подигнување на еколошката свест ,уредување на парк,изградба на дом за тричлено социјално ранливо семејство и креирање на мулиетнички хор докажаа дека хуманоста ,љубовта и човечноста се столбот во животот на секој човек. По 4ти пат во нивни раце е пехарот како највисоко признание од Националната програма за промоција на хумани вредности.
Тие ја научиле животната лекција дека хуманоста е човечка доблест значајна кога некому треба да се помогне, особено на сиромашните луѓе чии живот го отежнува беспарицата.
Преку теорија и пракса, обука и делување на терен, се претвораат во армија млади луѓе кои ја носат униформата и даваат помош во заедницата .
Црвениот Крст Охрид е активен во програмата за промоција на хумани вредности 20 години, над 800 млади лица се обучени и стекнати со вештини корисни за активизам во заедницата, и помогнати над 400 сограѓани и семејства на кои им била потребна помош.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
