-->
-->
Одбиено барањето на Ѓоковиќ за американска виза
-->
Тенисерот Новак Ѓоковиќ, нема да може да настапи на претстојните турнири во Индијан Велс и Мајами, откако неговото барање за влез во САД е одбиено, јавија денеска американските медиуми.
Ѓоковиќ мораше да достави соодветна документација и да поднесе барање за посебна дозвола за влез во САД бидејќи не е вакциниран против коронавирусот.
Американските медиуми јавија дека на Ѓоковиќ не му е одобрена американска виза, а тоа го потврди и сенаторот од Флорида, Рик Скот.
„Добивме информација дека е одбиено барањето на Ѓоковиќ за влез во нашата држава. Меѓутоа, веруваме дека оваа одлука сè уште може да се промени“, изјави сенаторот Скот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
