Македонија
18. јуни 2026 - 12:18

Четири нови возила за пошта Штип

Штипската подружница на АД Македонска пошта се здоби со 4 нови современи товарни возила. Овој чекор е дел од пошироката инвестициска обнова на возниот парк на ниво на целата држава, со цел, подобрување на услугите и забрзување на доставата до граѓаните, зголемување на ефикасноста и олеснување на секојдневната работа на поштарите и обновување на застарената инфраструктура на компанијата.

-Очекувам во наредните месеци да имаме подобри резултати. Се надевам дека ќе им бидат доволни овие возила. Според нашите анализи произлезе дека се доволни, но ако има потреба расположени сме да им дадеме плус возило, изјави Орхан Куртиши, генерален директор на АД Македонска пошта.

Се работи за возила од марката „Фиат табло“ најново производство, специјално медифицирино за ваков тип услуги, но и со уште еден дополнителен додаток за поголема сигурност на испораките.

-Одлучивме како УО во следниот период да ставиме камера во товарниот дел на возилата, со која ќе се снима 24 часа и ќе се следи секоја пратка, лалп се движи, како се задолжува  тука во Пошта, каде се движи и како се испорачува до конечниот корисник. Мислам дека тоа многу повеќе ќе придонесе за подобрување на услугата кон граѓаните, но и за контрола на работата на нашите вработени, изјави Николче Угринов, заменик генерален директор на АД Македонска пошта.

Штипската подружноица е добро кадровски екипирана за вршење на дејноста.

-Моментално имаме 63 вработени и 13 со договор на дело, изјави Коце Пилатов, директор на Пошта – Штип.

Возилата ќе им бидат на располагање и на филијалите во Пробиштип и Свети Николе.