Од полноќ поскапуваат горивата, дизелот со најголем раст

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти, така што од полноќ бензините ќе поскапат за три денари по литар, дизелот за 4,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за пет денари по литар.
Според одлуката на РКЕ, од 28 јули во 00:01 часот, максималната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 95 денари за литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува на 98,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) на 98 денари за литар.
РКЕ ја зголеми и цената на мазутот М-1 НС за 2,726 денари за килограм, со што новата максимална цена ќе изнесува 48,099 денари за килограм.
Како причина за корекцијата на цените, од РКЕ посочуваат дека референтните цени на светските пазари бележат раст. Во однос на претходната пресметка, цените на бензините се повисоки за 6,229 проценти, на дизелот за 7,442 проценти, на екстра лесното масло за 8,051 процент, а на мазутот за 8,159 проценти.
Во соопштението се наведува дека курсот на денарот во однос на американскиот долар во периодот на пресметка бил понизок за 0,0397 проценти.
Од РКЕ нагласуваат дека станува збор за максимално утврдени цени и дека трговците на големо и мало можат да ги формираат цените на нафтените деривати и на пониско ниво од утврдените највисоки цени.
МИА
Ново на Сител
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
-

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки
-

Договор за автопатот Скопје-Блаце
-

Нема кој да казнува за непочитување на Законот за употреба на македонскиот јазик
