Бизнис
11. May 2026 - 16:33

Од полноќ дизелот поевтинува за 4 денари

Од полноќ дизелот поетинува за 4 денари., 98-цата за половина денар, додека цената на 95-ката останува непроменета. Регулаторната Комисија за енергетика ги донесе новите цени. Литар дизел ќе се точи за 89,5 денари, a Еуросупер од 98 октани за 86,5. Сепак, ова се максимални цени и поради попустот од ОКТА од 2 денари за бензините  и 3 за дизелот, на најголемиот дел бензиски, дизелот ќе се продава за 86,5 денари, а 98 октанскиот за 84,5 денари за литар. 

Уште оваа недела на сила остануваат владините мерки од повластено ДДВ и намалени акцизи, како и попустот кој го даде снабдувачот. Ако цените одат нагоре, Владата повторно ќе одлучува за мерките, но ресорната министерка ќе бара од ОКТА попустот да продолжи.

„Важноста на мерките е до 18ти мај и ако цените одат нагоре, неколку дена пред истекот ќе побараме попустот од ОКТА да продолжи, а ние како Влада ќе направиме се, да го заштитиме стандардот на граѓаните.“, изјави Сања Божиновска, министер за енергетика.

Неделава почна со скок на цената на нафтата на светските берзи, откако Трамп изјави дека одговорот на Иран за прекин на војната, кој САД им го понуди, е тотално неприфатлив. Суровата нафта Брент се продава за околу 104 долари за барел.