Од паднатите дрвја од невремето ќе се создаде нов моторички парк за деца и млади на Водно
Од паднатите дрвја по силното невреме што го зафати Скопје ќе се создаде нов моторички парк на Водно, информираше градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Дел од здравите стебла од паднатите дрвја нема да завршат како отпад, туку ќе добијат нова намена. Од нив ќе се уредат природни препреки и реквизити за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност.

Новиот простор ќе биде наменет за деца, млади и возрасни, кои ќе можат да го користат за рекреација, движење, дружење и поминување повеќе време во природа.
На местата каде што паднале дрвјата се засадуваат нови садници, а во втората половина на септември е најавена и голема есенска акција за пошумување на градот.

Паралелно со тоа, продолжуваат активностите за уредување на Водно, меѓу кои се и обновувањето на патеките и урбаната опрема.
На Водно и Матка веќе функционира и Планинската спасителна служба, подготвена за брзи и професионални интервенции во планински услови, со што се зголемува безбедноста на посетителите.

Ѓорѓиевски посочува дека целта е Водно да се обновува и унапредува со нови содржини кои ќе им служат на сите генерации.

Ново на Сител
-

Повреден Македонец дома ќе се враќа со владиниот авион
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
-

Бројката на потврдени случаи на западно-нилска треска стигна до 20
-

Жештината го нарушува и менталното здравје - сè повеќе психички тегоби за време на екстремните горештини
-

Битолчани најнедисциплинирани со електрични тротинети
-

Инфлацијата падна на двегодишен минимум
-

Индустријата бележи раст, но рударството останува најслабата алка
