Од квалификации до финале на Ролан Гарос

Полската тенисерка Маја Хвалинска продолжува со изненадувањата на Ролан Гарос откако синоќа се избори за саботното финале. Таа со 2:0 во сетови (7:6 и 6:4) за два часа игра ја совлада Дијана Шнајдер.
Полската тенисерка во моментов се наоѓа на 114.место на ВТА листата и со пласманот во финалето влезе во тениската историја. Таа само втората тенисерка која од квалификациите стигнува до финале на Гренд слем турнир, а пред неа тоа и успеа на Британката Ема Радукану, кој триумфираше на УС Опен во 2021 година.
Хвалинска е третата тенисерка која своето прво финале на ВТА турнир ќе и биде водено финале на Гренд слем турнир, а тоа досега го направиле Венус Вилијамс на УС Опен 1997 и Радукану.
Таа во финалето ќе игра против Мира Андреева од Русија, која ја победи Марта Костјук од Украина.
Денеска на програмата се машките полуфинални мечеви: Јакуб Меншик – Александар Зверев и Флавио Коболи и Матео Арналди.
МИА
Ново на Сител
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
-

Преглед на вестите од светот
