Новиот директор на АНБ за власта професионалец за опозицијата продолжена рака на СДСМ
Зарко Милошевски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност е доверлив и долгогодишен професионалец, смета премиерот Димитар Ковачевски. Оценката доаѓа по вчерашното назначување од Владата, но и по наводите дека неговиот сектор во АНБ - за соработка со НАТО од претходникот Димовски беше посочен како сектор во кој бил направен пропустот за безбедносната проверка на контроверзниот Онишченко во постапката за македонски пасош.
Се што е поврзано со случајот Онишченко ќе може да биде коментирано кога ќе заврши истрага спроведена од соодветна институција... Милошевски е посветен, доверлив и долгогодишен професионалец кој својата кариера во безбедносните служби ја започнува во 1997 година во тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање при МВР, а неговата експертиза оттогаш до денес, кога е во Агенцијата за национална безбедност е во полето на спротивставувањето на насилен екстремизам, заштитата на уставното уредување како и во полето на спротивставувањето со тероризмот.
Од ВМРО-ДПМНЕ новиот директор на АНБ го сметаат за продолжена рака на секретартот на СДСМ Зечевиќ и поради тоа не очекуваат подобрување во безбедносниот сектор. Сметаат дека тајмингот на изборот на Милошевски е одбран со цел да се амнестира претходникот Димовски од отчетот во парламентот токму за случајот на украинскиот ологарх.
Впрочем, и покрај поканата до Димовски испратена пред новото назначување, тој денека не се појави на продолжението на Комисијата за надзор врз работата на АНБ каде требаше да реферира за овој случај. Во Собрнаие не се појави ниту претсваник од АНБ.
Собраниското тело еден месец беше во застој поради безбедносниот пропуст кога дел од отчетот на Димовски отиде во јавност и покрај затворената седница.
Димовски пред случајот Онишченко беше најавен за нов амбасадор во Франција. Премиерот Ковачевски вели дека процедурата за неговото заминување во Париз е завршена во Владата, и дека сега, по случајот Онишченко работата е во рацете на парламентот и претседателот Пендаровски. Претседателот на Комсијата за надворешни работи Милошоски веќе изјави дека без да заврши Комисијата за одговорноста на Димовски тој нема да ја продлжи амбасадоркста постапката за веќе поранешниот директор на АНБ.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
