-->
-->
Новата сезона во Првата фудбалска лига стартува во петок со два натпревара
-->

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе стартува вo петок 8.август со два натпревара. Двата го имаат епитетот дерби. Во Тетово првакот Шкендија го пречекува Шкупи, додека во вечерниот термин од 20 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ е дуелот на „лутите ривали“ ќе играат Вардар и Пелистер.
Два натпревара се на програмата в сабота (9.август). Во Куманово Башкими го пречекува Арсими, додека Струга Трим Лум е домаќин на Македонија Ѓорче Петров.
За недела се закажани двата дуела во Кратово (Силекс - АП Брера Струмица) и во Кавадарци (Тиквеш - Работнички).
Почетокот на натпреварите в сабота и недела е во 17:30 часот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
-

Драстичен скок на цената на нафтата, последиците кај нас допрва ќе следат
-

Македонија падна за три места на индексот за слобода на медиуми – состојбата е „проблематична“
-

Вандализам во ООУ “Ванчо Прќе” во Штип - наставата во прекин поради уништениот инвентар
