Норвешка и Италија најуспешни на половина од ЗОИ 2026

На половина од Зимските олимписки игри 2026, домаќинот Италија и Норвешка се најуспешните според бројот на освоените медали.
Норвешка е лидер на табелата медалисти со осум златни, три сребрени и седум бронзени медали.
Италија има исто така 18 медали, од кои шест златни, три сребрени и девет бронзени.
Пет држави имаат по четири злата: САД, Франција, Германија, Шведска и Швајцарија.
Досега 24 земји се закитија барем со едно одличје.
Денес ќе бидат доделени медали во: биатлон (женски спринт), алпско скијање (машки велеслалом), брзо лизгање (мажи 500 метри), слободно скијање (жени), крос-кантри скијање (женска штафета), скијачки скокови (мажи голема скокалница), скелетон (жени поединечно) и брзо лизгање на кратки патеки (мажи 1500 метри).
Олимпијадата во Милано и Кортина се одржува од 6 до 22 февруари.
Ново на Сител
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
-

Едносменската настава приоритет за МОН
-

Активностите за изградба на регионална депонија течат според планот
-

Струмица се подготвува за литија со иконата на Богородица Брзопослусничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
