Македонија
16. April 2026 - 16:58

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули

Кризната состојба во државата, поради состојбата со нафтата во светот, ќе трае уште три месеци, односно до 20 јули. Собранието денеска го одобри предлогот на Владата за продолжување на кризната состојба, која таа, поради воздушните напади на САД врз Иран и затворањето на Ормутскиот теснец, ја донесе на 21 март.

Кризната состојба е неопходна за полесна координација на состојбата со нарушувањата во транспортот на сурова нафта, но и за полесно носење мерки за ценовна контрола на горивата и другите продукти во државата.

Единствени што реагираа на оваа одлука беа од опозициската Левица.

Со кризната состојба ќе се овозможи Владата веднаш да носи мерки со цел да го спречи ценовниот шок во државата поради светската состојба со снабдувањето со нафта. Постојната кризна состојба трае до 20 април и со неа веќе беа преземени мерки со кои Владата го намали ДДВ-то на енергенсите на 10 отсто, а се намалија и акцизите, и тоа за 4 денари за дизелот и за 2 денари за бензинот.