Македонија
17. April 2026 - 12:14

Активностите за изградба на регионална депонија течат според планот

Активностите за изградба на регионална депонија во Новаци течат според предвидениот рок .

Министерот за животна средина Хоџа најави дека се доделува опрема за управување со цврст отпад  наменета за општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион а дополнително се работи  на тендерските документации за набавки, и проектниот дизајн за регионалната депонија и претоварните станици.

Кога ќе биде изградена депонијата зависи од документациајта која е во подготовка истакна министерот Хоџа.

Изградбата на регионалната депонија во склад со европските еколошки стандарди  ќе го реши деценискиот проблем со дивите депонии и ќе овозможи поголема заштита на животната средина.