Бизнис
19. August 2026 - 16:34

Евростат објави благ пораст на инфлацијата во еврозоната, ЕЦБ ќе одлучува за повисоки камати

Благ пораст на инфлацијата во еврозоната. Евростат објави дека во јули трошоците за живот се зголемиле за 2,9 отсто, додека во Унијата годишната инфлација достигна 3%. Поскапело речиси се - и услугите и храната и пијалоците. Но, најголем е скокот кај енергијата. За една година над 10%. Зголемувањето на цената на енергенсите започна со стартот на војната на Блискиот Исток – од март годинава.

Највисоки стапки на инфлација има во Романија-8,2, Литванија 5,4 и Кипар и Бугарија-4,4, додека од земјите кои не се членки на Унијата Турција е на прво место , каде трошоците за живот се зголемени за речиси 32 отсто.  Од регионот. Србија има најнсика инфлација од 2,2 отство.  Кај нас во јули забави и изнесува 2,4, во Албанија и Црна Гора над 3 и Косово 6,5%.

Податоците за инфлацијa се показател за промена на монетарната  политика и за неколку недели аналитичарите очекуваат ЕЦБ да ги зголеми каматите. Денеска  претседателката на Централната банка Лагард изјави  дека глобалниот поредок е под притисок.  Европа мора да го смени моделот затоа што , предноста што ја имаше  – постепено се губи, на сметка на Кина.

- Денес Кина директно ѝ конкурира на еврозоната во речиси 40% од секторите во кои ние имаме компаративна предност, во споредба со околу 25% на почетокот на 2000-тите.

И евтината енергија на која европската индустрија некогаш се потпираше – вклучително и онаа од рускиот природен гас – веќе не е достапна., изјави Кристин Лагард, претседател на ЕЦБ.

Поради зголемената неизвеснот, комапниите се помалку инвестираат, што негативно влиаје врз производството и потрошувачаката Главниот двигател на растот во еврозоната ќе биде домашната побарувачка. Затоа Лагард бара Европа подобро да ги искористи својот дoмашен пазар и да  ги задржи фирмите да вложуваат во Унијата, а не да се дисперзираат во други држави. До сега 12%  од растечките компании се преселиле , најмногу во САД..