Македонија
6. August 2026 - 12:13

Јаневска: Ценам дека резултатите се објективни - Просечната оценка од матурата – 3.66

Министерката за образование Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска Михајловска на прес-конференција информираа во врска со полагањето и резултатите од државната матура во јунскиот испитен рок во учебната 2025-2026. 

Повеќе од 14 500 матуранти беа пријавени за полагање на матурата, а во согласност со измените на законот за средното образование, оваа година првпат се полагаат три типа матурски испит според видот на образование - државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.