Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
Над 68.600 денари му биле потребни на 4 члено семејство во јуни за да ги задоволи основните потреби. Синдикатот пресмета дека сумата е за 1,5 евро пониска од мајската кошница, поради намалените цени на овошјето и зеленчукот. Повеќе од третина од парите домаќинствата даваат за храна и пијалоци, а по над 100 евра за облека, сметки и транспорт. Ако живеат во изнајмен стан од 60 квадрати, ќе им требаат дополнителни 350 евра.
За намалување на цените на храната премиерот Мицкоски од понеделник најави нова средба со маркетите и дистрибутерите, каде ќе побара да го почитуваат законот за нефер трговски практики
Тоснко Мицкоски Гги охрабрувам компаниите, дистрибутерите, добавувачите, производителите да пријавуваат нефер трговско однесување од страна на некои од маркетите, бидејќи сега се наоѓаат канали од страна преку разноразни услуги преку трети фирми да се фактурира таканаречен ројалити, што не е фер трговско однесување. Јас ги охрабрувам сите дистрибутери и производители тоа да го пријават за да можеме како држава да делуваме.
Инаку не можеме да делуваме, затоа што кога ќе направите инспекција и кога ќе ги видите сметководствените книги, ќе видите дека сѐ е во ред, а преку трети и четврти прокси канали се наплаќа тој ројалити. Дали производот да е полево или подесно на полицата, тоа е веќе јавна тајна и сите го зборуваат тоа, затоа ги охрабрувам да посведочат за да можеме да реагираме како држава против таквите маркети коишто нефер трговски се однесуваат, изјави Мицкоски.
При крај се и законските измени за нефер трговски практики, кои предвидуваат десеткратно повисоки казни за маркетите кои непазарно се однесуваат.
Лани , по овој основ, Комисијата за за заштита на конкутренцијата казни 4 големи ланци маркети со по 50 илјади евра, поради картелско здружување за поскапување на храната. Но јавноста негодуваше дека висината не е ни еден процент од нивните годишни приходи. Затоа, во новиот предлог закон максималната глоба е зголемена на 200 илајди евра.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
