Македонија
22. May 2026 - 19:41

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница

Остатоците од запалениот камион зад мене говорат за страшната сообраќајна несреќа која синоќа се случи кај скопската обиколница кај клучката за селото Мирковци. 76 годишниот возач од Косово ја изгубил контролата врз камионот кој го управувал и влетал во спротивната лента на автопатот. При сударот со друго возило, четири лица го загубија животот, додека возачот на камионот ја преживеал несреќата. 

По несреќата, двете возила се запалиле, а откако интервенирала пожарната и брзата помош, констатирале смрт кај сите четири лица кои се наоѓале во возилото БМВ во кое удрил камионот. Возачот кој загина е баритонот и првенецот на Националната опера и балет, Ристе Велков. Загина и неговиот 20 годишен син и двајца негови врсници кои се возеле во возилото. 

Што допридонело возачот на камионот да излета од неговата лента и да се вклучи во спротивната обвинителството се уште истражува. Тој е приведен и се наоѓа во полициска станица. 

Но по трагедијата, се отворија прашања во јавноста за возраста на возачот на камионот од Косово кој има 76 години, а управува со возило. Иако во Македонија нема граница на години до кога едно лице може да управува возило, сепак членот 304 од законот за безбедност на сообраќајот на  патиштата регуилира дека над 70 години, возачка се издава до 75 годишна возраст и потоа се обновува повторно со рок од важење од 5 години. Тој рок може да биде и пократок по мислење од лекар. 

Сообраќајните експерти велат дека треба да има поригорозни критериуми за возачите на камиони, јавен превоз и превоз на стока кои надминале 65 години, како и почести прегледи на тие возила.

Истрагата и вештачењата треба да утврдат што придонело до фаталната сообраќајка.