Пазарна утврди дека храната не поскапела, синдикалната кошничка пониска за 54 денари
Синдикалната минимална кошница во мај пониска за 54 денари, пресмета Синдикатот. На 4 члено семејство за да го помине месецот потребни му се 68,743 денари. Од нив, третина или над 25 илјади за храна и пијалоци. Во споредба со април, токму овде има намалување на трошоците за 610 денари, поради пониските цени на овошјето и зеленчукот., велат од ССМ. Благ пад има кај цените на облеката и обувкитe, а зголемување кај транспортот, поради повисоките цени на горивата. За да се заштити стандардот кај ѓраѓаните со скокот на цената на горивата, кои од неделава се продаваат без попустот од ОКТА, премиерот вели дека прeговорите со снабдувачот се во тек. Но неизвесно е колкав ќе биде попустот.
Денеска завршија и вонредните контроли на Државниот Пазарен инспекторат. Не утврдиле дека има зголемување на цените кај основните прехранбени производи. Поскапување за 2 до 3% имало кај некои увозни млечни и месни продукти, но домашните се продавале по стара цена, вели првиот човек на пазарна. Во предвид биле земени 130 прехранбени производи од најголемите ланци маркети. Регистрирани биле и значителни намалувања на цените кај овошјето и зеленчукот. Инаку од овие анализи зависеше дали владата ќе преземе мерки, односно дали ќе го намали ДДВ од 5 на нула отсто кај прехранбените производи.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
