Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
Поскапуваат горивата од полноќ. Дизелот и 98 октанскиот бензин за 2,5, еуросупер 95 –ката за 2 денари по литар. Одлуката ја донесе Регулаторната Комисија за енергетика врз основа на растот на цените на нафтата на светските берзи и повисокиот курс на доларот во однос на денарот. Во овие цени е вкалкулирана и владината одлука за намалени акцизи од 2 денари за сите горива, како и пониското ДДВ од 10 отсто за бензините.
Попустот кој ОКТА им го даде на бензиските од 2 денари за горивата и 3 за дизелот, од утре веќе не важи. Тоа значи дека граѓаните ќе точат за 5,5 денари поскап дизел и за 4 до 4,5поскап бензини.
Во меѓувреме, цените на нафтатат на светските берзи и натаму растат, поарди зголемените тензии меќу САД и ИРАН и стравувањата од растечка инфлација. Барел брент достигна 110 долари.
|
ТИП НА ГОРИВО |
СТАРА ЦЕНА СО ПОПУСТ ОД ОКТА НОВА ЦЕНА |
ПРОМЕНА |
|
ЕУРОСУПЕР 95 |
87 |
+2 |
|
ЕУРОСУПЕР 98 |
89 |
+2,5 |
|
ДИЗЕЛ |
92 |
+2,5 |
- „На ова се додаваат значително повисоките приноси од обврзници забележани во последните денови. Имаше распродажба на пазарите на обврзници. Приносите од обврзници се значително повисоки. Очекувањата за намалување на каматните стапки од страна на централните банки значително се намалија. Пазарите очекуваат помалку намалувања на стапките од страна на Федералните резерви на САД (ФЕД) или ЕЦБ, а ова е исто така фактор зошто берзата денес ја започнува новата недела на дефанзивен став.“
Доколу цените на нафтата продолжат да растат и се одрзат врз поскапи цени и кај нас, од владата најавија дека е можно намалување на ДДВ кај храната од 5 на нула отсто. Проценките ќе се прават врз основа на анализите на Државниот инспекторат, кои ќе завршат за 2 дена.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
