Македонија
18. November 2024 - 16:41

Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема

За сите од ДУИ бесилка и гасна комора.

Ваква е-маил порака од непознат испраќач вчера добиле 13 пратеници на ДУИ меѓу кои и лидерот Ахмети. Од партијата тврдат дека ова не е единствена смртна закана која ја добиле изминатите денови. Иако бараат заштита од институциите сепак ваква пријава до МВР нема.

МВР за сите случаи за кои има пријава постапува навремено согласно пропишаните процедури за откривање на сторителот. До овој момент во Секторот за компјутерски криминал при МВР не се пристигнати пријави од пратеници на политичка партија ДУИ, велат од МВР    

Заканувачките пораки нема да не исплашат, ниту да не одалечат од нашите политики вели пратеничката Рина Ајдари

Смртни закани кон било кого не смее да се толерираат велат и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични смртни закани во јули годинава пријавија 8 пратеници на ДУИ. Пред 10тина дена закани на службениот мејл доби и вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој потврди дека лично од министерот Тошковски побарал засилено обезбедување. Полициско обезбедување има право да побара и секој пратеник ако се чувствува загрозено, по што МВР прави проценка дали има причина да им обезбеди заштита.