Таравари не е заинтересиран да биде претседателски кандидат
Албанската опозиција пред Курти му го нудела претседателското место на Арбен Таравари. Информацијата во интервју за косовска телевизија ја потврди лидерот на Беса
Но Таравари не е заинтересиран да си замине од Гостивар.
Албанската опозиција има разговарано со мене јас да бидам претседателски кандидат, но јас не сум заинтересиран – вели лидерот на Алијанса во изјава за медиумите.
Косовските медиуми во последните неколку дена се како саем за политичките ставови на кандидатите кои бараат мандат во македонските институции. Лидерот на БЕСА вели дека ја чувствува паниката во ДУИ која ја обвинува за националистичка реторика.
А националистичка реторика воопшто не фали особено откако главна тема во косовските медиуми стана поддршката која косовскиот премиер јавно и ја даде на албанската опозиција која заедно со косовоското Самопределување, тврди дека сега брои 4 партии
„Ја подготвуваме изборната програма и претставници на сите 4 партии меѓу кои и оние на Самоопределување како што се Арбр Заими, Беким Ќоку и други експрети веќе работат на тоа. Самоопределување е дел од албанската опозиција. Де јуре не можат да бидат бидејќи не се регистрирани во Македонија но дефакто тие се дел од опозицијата“
Меџити кому пред два дена му беше редот да гостува во косовските медиуми беше под силен напад на професор од тетовскиот универзитет кој е поддржувач на ДУИ а на американската црна листа се наоѓа уште од 2001
„Зошто не гласавте за Талат Џафери, припадник на ОНА, командант, човек кој за прв пат седнува во фотелјата како премиер албанец? Барем како граѓанин, да бев јас би го гласал со раце и нозе. Но не сум пратеник. Тебе ти дал Господ.
Како те држеше душата прво да не го гласаш па после и политички да го нападнеш. Фатална Грешка си направил“
Беџети го праша Меџити и дали Курти од него барал да формираат заедница на албански општини во Македонија на што предводникот на огнената група рече дека за такво нешто воопшто не се разговарало. Сепак, албанската опозиција во неколку наврати и јавно бараше заедница на албански општини во Македонија што би требало да му биде аргумент на Курти кој се противи на договорот со Србија за формирање на заедница на српски општини во Косово.
Дека поддршката од Курти силно го загрижува ДУИ не можеше да скрие ниту артискиот потпретседател чиј ред на косовските медиуми помина за време на викендот. Тој го обвини Курти дека се меша во внатрешната политика и ја дестаблизира Македонија
„На почетокот велевме ОК бидејќи тоа се политички партии со ист политички профил. Но она што се зборува во последно време за нивна инволвираност во изборите е една друга димензија која е штетна бидјеќи легитимира надворешно мешање во Македонија“
Но Курти не е единствената грижа за ДУИ кои во моментов се соочуваат и со можноста Таравари да замине во опозициската коалиција. Тој демантираше дека договорот за коалиција со албанската опозиција е завршена работа додавајќи дека партијата се уште нема одлучено за својот настап на изборите
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
