Скопје најзагаден град во Европа и меѓу 10-те во светот
Скопје попладнево беше најзагаден град во Европа и 5ти во светот. Според платформата Ајкјуер, Светскиот индекс за квалитет на воздухот , кој ја мери концентрацијата на ПМ честичките, во главниот град не се препорачува престој на отворено на лицата со хронични болести и нарушено здравје. Сепак, според мерењата на министерството за животна средина , воздуход не е загаден, односно е во рамките на дозволеното. Но состојбата се следи и ако два последователни дена индексот покажува вредности над дозволеното, повторно ќе се активираат препораките
Мерењата покажуваат дека нивото на ПМ честичките е во рамките на дозволеното и затоа ние вчера ги укинавме препораките кои ги донесовме. Но ако вредноста ги надмине граничните вредности, согласно законот, однсно нивото е над прагот два последователни дена, повторно ќе се активираа, вели Каја Шукова, министер з аживотна средина
Препораките кои владата ги воведе од вчера веќе не важат. Ова значи дека бремените жени, постарите над 60 години, лицата со миокраден инфаркт, мозочен удар , хронична астма и други болести од вторник треба да се вратат на работа
Густата магла изминативе 24 часа одложи 15 слетувања и полетувања од скопскиот аеродром, информираат од ТАВ…Инаку, според повеќе истражувањата последиците предизвикани од загадениот воздух го кратат животот во просек за три години. Единствен спас од аерозагадувањето се заштитните маски.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
