Македонија
2. January 2024 - 16:33

Дрин Ахмети: Пиротехниката беше купена легално, подароците се за внуците

Пиротехниката најдена во багажникот на Дрин Ахмети била легално купена, а останатите прнајдени пакети, биле подароци за внуците – во изјава за Скопје 1 внукот на Али Ахмети и сопственик на ТЦ Соравија, вели истрагата била во тек и ништо не било нелегално.

„Во овој момент, нема да коментирам детали бидејќи во тек е истрага и постапка, а мојот правен тим работи на тоа. Можам да го кажам само ова, пиротехниката беше купена легално, а сите други подароци во автомобилот беа за моите внуки и внуци“, вели Дрин Ахмети за „Скопје1“.

Дали и за што ќе се гони Ахмети засега не се соопштува..Министерот за внатрешни тврди дека работата на полицијата е завршена, на потег сега било обвинителството.

Од Обвинителство не откриваат многу детали, единствено дека се чекаат резултатите од вештачењето.

Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства, јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката.

Во наодите кои од МВР ги доставиле до ОЈО предлагаат случајот да се води и по членот 396, потврди Спасовски. Последните измени на кривичниот законик предвидуваат поблаги казни за поседување петарди и огномети.. Нивниот превоз, се казнува со најмногу три години затвор, или парична казна.

Во автомобилот на Ахмети пронајдени биле 749 парчиња пиротехнички сретства.