Дигитализацијата и подмладокот предизвици за сметководствената професија
Сложените бизнис процедури кои ги обработуваат сметководителите и податоците кои се повторуваат во повеќе бази морат да бидат заменети со дигитални услуги. Целосно електронски систем е и најголемиот предизвик за Институтот за сметководители. На регионалната конференција која се одржува во Скопје, повеќе од 1000 сметководители разменија мислења како да се направи дигиталната трансформација и да се усогласат со меѓународните стандарди
Дигитализрањето на услугите ќе значи побрзи постапки, пониски административни трошоци и помалку неизвесност, смета и министерот за дигитална трансформација Андоновски.
Според министерството, зголемувањето на бројот на дигитални услуги за 120 отсто ги зголемиле и трансакциите на Националната платформа за интероперабилност.Споредбено со 2024 кога 35 компании од приватниот и јавниот сектор се приклучиле на државниот портал, сега скоро 90 институции и компании веќе активно ја користат.
Наскоро се воведуваат и нови услуги со кое електронски ќе се издаваат потврдите за извоз на тутун и вино.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар
