Колку државата вложува во талентираните ученици?
Надарени ученици има – но дали државата знае да ги препознае и поддржи.
11-годишниот Македон кој во конкуренција од 110 илјади натпреварувачи победи на германската математичка олимпијада се врати дома. Задоволен и среќен што извојува победа меѓу силна конкуренција, математичкиот гениј веќе со нетрпение го очекува неговиот нов предизвик.
„Натпреварот во Германија беше многу интересен. Многу ми се допаѓаше натпреварот бидејќи беше првиот натпревар каде јас имав ваков..не беше стрес, но беше многу голема возбуда и трема. Беше најголема конкуренција од досега што сум имал. На почетокот 110 илјади соученици, а потоа на финалето 1.000 и затоа јас бев многу задоволен“, изјави Македон.
Неговиот триумф на олимпијадата донесе и нов поттик кај надлежните дека треба многу повеќе да се инвестира во талентираните ученици.
„Направивме законска измена, претходно не постоеше, сега постои. Ќе ги спозорираме и децата во основно образование, и децата од средно образование кои добиваат прва, втора и трета награда или златен, сребрен или бронзен медал. Обезбедуваме покривање на трошоците, за учество на олимпијадите на учесниците и менторите“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.
Во крајна фаза е и Концепција за откривање и работа со надарени ученици, која треба да биде почеток на квалитетен систем за поддршка на оние кои имаат потенцирал за добијат злато на светски натпревари.
„Концепцијата се прави, се подготвува тоа е многу тежок процес да се направи, и многу скап, затоа што кога таа ќе се направи според добрите практики од други земји, но алатките кои се користат за откривање на талентираните деца е тешко да се спроведат но ние нема да се откажеме, ќе почнеме и тоа да го работиме, додаде министерката Јаневска.
Лани државата обезбедила 4 ипол милиони денари за поддршка на ученици кои биле дел од 15-те светски признати олимпијади.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
