Итно е потребна трансплантација на срце кај охриѓанецот Дарко
Критична е состојбата на охриѓанецот Дарко Најдевски кој 7 години живее со двојна механичка потпора на срце и чека трансплантација. Моментално хоспитализиран се соочува со борба за опстанок и борба со времето неговото срце повеќе неможе да издржи а поради долгото носење на ваквите помагала доаѓа и до други компликации затоа потреба е итна трансплантација на срце од починат донор со цел да може да продолжи да живее.
Неговата 7 годишна ќерка Мила со апел што поскоро да се најде донор за нејзиниот татко да оздрави и да биде присутен додека расте.
Со истиот проблем се соочува и стружанецот Васко Јолески чиј живот е потполно зависен од батерии и струја.
Тој повикува дека потребно е подигнување на свеста за органодарувањето бидејќи во моментот кога згаснува еден може да се спаси друг живот.
Иако во светото ваквите пациенти се водат како ургентни досега кај нас не е направена ниту една трансплантација на срце кај лица со механичка пумпа.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
