На Славјански универзитет издале диплома во 2016 година со Република Северна Македонија: Случајот пријавен во ЈО
Просветниот инпекторат поништи две дипломи на еден студент на Славјанскиот универзитет, поради сомнежи дека истовремено студирал на два циклуси и сомневање за фалсификат. Утврдено е дека му издале диплома во 2016 година со новото уставно име.
Овој, заедно со случајот на Филозофски каде беа откриени сериозни нерегуларности при запишување на студенти на магистерски и докторски студии, се во рацете на Јавното обвинителство кои треба да утврдуваат евентуална кривична одговорност.
„Многу нерегуларности од полагање на 14 или 17 испити во една сесија, правење несоодветни еквиваленции и се разбиа диплома од 2016 година на која има печат со Република Северна Македонија. Вие знаете дека тогаш го имавме нашето омилено име Република Македонија, а името е променето во 2018 година. Тоа е сега предмет на јавното обвинителство. Доколку се докаже, а сигурно ќе се докаже фалсификатот, универзитетот ќе има сериозни последици“, изјави Весна Јаневска, министека за образование и наука.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
