Европскиот план за раст ќе ги „размрда'' реформите за владеење на правото
Македонија подготвува реформска агенда со конкретни проекти кои ќе се финансираат преку европскиот план за раст.
Институциите во следниот период ќе имаат доста работа да подготват проекти фокусирани на инвестиции во инфраструктурата, дигитализацијата и зелената агенда. Од СЕП велат ова е единствен услов за државата да ја добие европската финансиска поддршка, а пречка за нејзино реализирање нема да биде ниту формирањето на техничката влада, со оглед дека реформската агенда вчера во Собранието добила поддршка од сите партии.
Без реформи Македонија нема да може да ги искористи европските пари. Токму овој услов според граѓанскиот сектор е можност да се направи притисок за конкретни реформи во владеење на правото, што на државата и се и повеќе од неопходни.
Европската комисија пред повеќе од еден месец го презентираше планот за раст за земјите од Западен Балкан тежок 6 милијарди евра. Од нив, две милијарди ќе бидат дадени како неповратни средства, а останатите четири како поволни заеми. Пари кои земјите треба да ги искористат за создавање единствен регионален пазар и пристап до пазарот на ЕУ, удвојување на економиите и намалување на социоекономскиот јаз помеѓу државите од регионот и членките на Унијата. Од овие 6, Македонија се надева да добие една милијарда евра.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
