Македонија
14. December 2023 - 19:49

Криминалот, корупцијата и меѓуетничките односи – главни закани за мирот и стабилноста на Балканот

Граѓаните на Македонија и Босна и Херцеговина се чувствуваат најнебезбедни во земјите на Западен Балкан. Истражувањата на граѓанскиот сектор од шестте земји на Балканот покажуваат дека За прв пат организираниот криминал, корупцијата и меѓутничките односи се главните закани за мирот и стабилноста на Балканот.

Министерката за одбрана пак вели дека никој не може да гарантира целосна безбедност од сајбер напади во Македонија. Иако се најавува финансика подршка од Брисел за заканување на безбедноста во Западен Балкан, Петровска вели дека сликата не може да се смени преку ноќ.

Мирен и безбеден Балкан бил возможен само ако сме биле интегрирани во европското семејство, тврди Петровска.

Во последните неколку месеци, по хибридните закани со дојдавите за бомби на јавни површини, министерството за одбрана не пресретнало нови посериозни сајбер напади. Со искуствата на околу 90 организации ќе се гради и план за целиот регион, а фокусот ќе биде ставен на теми поврзани со безбедноста и стабилноста, владеење на правото и борбата со корупцијата.