Празното место во ДИК и Пржинската влада најслаби алки во изборниот процес
Најавата на ВМРО-ДПМНЕ за бојкот на Пржинската влада и празното столче во ДИК се двете слаби точки на претстојниот изборен процес. Експертите сметаат дека можноста најголемата партија во опозиција да не предложи свои кандидати за технички министри има капацитет да стави белег на изборите но со сила, никој не може да ги натера да влезат во Владата на Џафери.
Но, празното место во ДИК се чини ќе предизвика поголеми проблеми за владејчката коалиција. Согласно законот и припаѓа на партијата БЕСА, но истата фотелја ја сака и партијата на Таравари и со неа ја условува својата поддршка за техничката влада. Без гласовите на Алијанса, Џафери нема да има мнозинство за да биде избран за премиер.
Алијанса во моментов е на крстопат. Да и се приклучи на коалицијата на СДСМ и ДУИ, да оди со опозицијата или пак да настапи сама на изборите. Местото во ДИК може да биде голем поттик за Таравари да донесе одлука и своите кандидати да ги стави на листите на Ковачевски и Ахмети.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
