Македонија
13. November 2023 - 19:46

Министрите од регионот на средба со Борел во Брисел, Османи остана во Скопје

Наместо министерот Бујар Османи, неговата заменичка Фатмире Исаки е во Брисел, на состанокот кој го свика високиот претставник на ЕУ - Борел.

Османи се правда дека поради обврските со ОБСЕ не можел да отпатува, што не беше случај ниту еднаш досега кога се одржувале состаноци од ваков формат. 

Иако само македонскиот шеф на дипломатијата нема да биде во друштво на неговите колеги од соседството, очекувал дека состанокот е позитивен исчекор, кон она што го барала Македонија. 

Претходно Борел најави дека во фокусот ќе биде претставувањето на планот за раст на Западен Балкан, но и колку земјите од регионот се синхронизирани со европската надворешна политика. Борел порачува дека балканските земји се важни за Унијата.

Министерскиот состанок, се одржува само неколку дена откако земјите од Западен Балкан ги добија извештаите за напредок и еден месец пред клучната одлука на лидерите на земјите членки.