Македонија
3. November 2023 - 21:13

Ковачевски уште лани го повика на одговорност Бочварски ако автопатот Кичево-Охрид не биде готов до 2024.

По 9 години од стартот на изградбата и пропаднати рокови нема никаква одговорност за неизградбата на автопатот Кичево Охрид. Најодговорниот, ресорниот министер за транспорт одбегна да одговори на прашањата на Сител дали се чувствува одговорен за пропуштениот веќе четврти по ред рок за завршување на автопатот Кичево – Охрид.

Од неговиот кабинет кратко ни одговорија - Ставот за автопатот го даде премиерот.

А пред само една година во Охрид, токму Ковачевски најави интензивирање на динамиката за изградба, ама и јасно му предочи на Бочварски дека одговорноста за автопатот е негова. Една година подоцна ниту ветувањето е исполнетото, ниту пак одговорност има.

Дали се чувствува одговоен за пропаднатиот проект за изградбата на автопатот го прашавме и првиот човек на државни патишта, Ејуп Рустеми, но ниту одговори на пвиците, ниту одговори на пораките.

Иако лично побара ветување од неговиот министер за завршување на автопатот, премиерот Ковачевски последно најави ревизија, а не ја исклучи ниту можноста истиот да биде раскинат.