Мицкоски до Ковачевски: Доста беа мачо игри
Опозицискиот лидер е зачуден од како што вели мачо играта на премиерот Ковачевски околу датумот за следните избори.
Собранискиот спикер Џафери пресмета дека периодот меѓу 5 и 8 мај е единствениот во кој може да се одражат редовни парламентарни избори заедно со претседателските како би се заштедиле десетина милиони евра.
Во СДСМ веќе излегоа со став дека сакаат одвоени изборни процеси но премиерот рече дека е подготвен да разговара при тоа неколку пати потенцирајќи дека останал на ставот дека нема да се организираат предвремени избори.
Мицкоски уште пред две недели во Тема на денот на Сител го повика Ковачевски на лидерска средба, покана која премиерот експресно ја одби најавувајќи дека работни групи ќе разговараат за спроведувањето на изборите.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
