Македонија
9. October 2023 - 16:35

Граѓанскиот сектор ја напушти работна група за реформи во правосудството

Граѓанските организации за реформи во правосудството ја напуштаат владината работна група која ги подготвува измените на новиот кривичен законик. Не сакаат да бидат декор во носење на закони кои се во интерес на поединци, велат од групацијата.

Од правда бараат БЛУПРИНТ да не избрзува со постапките за предвремено излегување од работната група од причина што како што беше напоменато од страна на министерот за правда, Кренар Лога, работната група што го изготвува новиот Кривичен законик не учествувала во тие измени што се донесоа од страна на Собранието. Придонесот од граѓанскиот сектор е многу важен поради знаењето кое го има, долгогодишното искуство и вештините со кои располагаат, велат од министерството.

И додека граѓанскиот сектор алармира дека дрско се злоупотребува европското знаменце и се губи довербата во правосудството, вице премиерот за европски прашања од парламентот повика на сите политички чинители да се вклучат во поставување на темелите на националната развојна стратегија.

Екпертската јавност пак бара имплементација на стратегијата и она што ќе биде изнесено како препораки. Децидни се дека владеењето на правото останува најголем проблем на патот на македонските интеграции.

За опозицијата ова се само декларативни заложби на власта. Реагираат дека овој владин состав ќе предничи со злоупотреба на европското знаменце во носењето закони и политичко влијание.

Незадоволството на граѓанскиот сектор следува по експресно изгласаните измени на КЗ, поднесениот закон за амнестија по скратена постапка и предложениот закон за помилување.