Македонија
14. September 2023 - 21:17

Спорните материјали за учење за средношколците предизвикаа бура од реакции

Прашалникот со незгодни прашања кој е дел од работните листови за учениците од средните училишта нема наведени рецензенти, ниту пак е наведен авторот на ваквата содржина. Материјалите кои Mинистерството за образование ги одобрило уште во 2011-та година се целосно копирани од учебник објавен во 1972-ра со наслов „Хетеросексуален прирачник“.

Но иако копиран, македонските образовни служби кои дале амин тој да влезе во наставната програма ја изоставиле клучната цел. Односно не е наведена крајната цел -  преку незгодни прашања, хетеросексуалците да се стават на местото на хомосексуалците.

По бурните реакции и од родители и од целокупната јавност за прашањата експертите оценуваат дека доколку ваквата содржина во оваа форма биде пласирана пред младите ќе направи голема дискриминација.

Грешката ја гледаат кај надлежните што до крај не ја објаснуваат намената, а тоа може да предизвика раздор кај корисниците, оценуваат психолозите.

Прашањата и во македонскиот и во оригиналниот прашалник на Мајкл Рошлин од 1972-ра се идентични. А преку такви прашања целта била различните групи да се стават во „туѓа кожа“ и да разберат како им е на другите.