Институтот за демократија открил серија пропусти во договорите за „Бехтел и Енка“
Злоупотребено европско знаменце, прекршени деловниците и на Владата и на Собранието, заобиколени анализи при носење на Законот за изградба на Коридорите 8 и 10д.
Ова се само дел од системските пропусти кои ги детектираше Институтот за демократија.
Оттаму велат дека и покрај сите овие прекршоци, законите добија потпис и од шефот на државата.
Бројните пропусти според Поповиќ го зголемуваат ризикот од корупција , за што е неопходна реакција од истражните и судските органи
И додека Институтот за демократија успеа да детектира бројни системски пропусти, надлежните институции се уште молчат.
Антикорупциска го анализира договорот потпишан со американско турскиот конзоциум кој им беше предаден пред 4 месеци.
Ниту обвинителите засега без одговор дали во договорот вреден 1,3 милијарди евра има елементи на кривично дело.
Досега од државниот буџет на Бехтел и Енка им се префрлени близу 180 милиони евра за старт на изградбата на коридорите иако на терен нема никакви активности на местата каде владини претставници пред повеќе месеци означија почеток на изградбата. Според последните најави градежните активности ќе почнат следната недела.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
