Македонија
28. August 2023 - 16:38

Дали здравството ќе се засили со стотици нови вработувања и трансформација на работниот однос - Меџити е оптимист

Решавање на хонорарците, стотици нови вработувања, понуди за приватните специјализанти...Многу ветувања на Фатмир Меџити за решавање на најсериозниот проблем во здравствениот систем и спречување на негов колапс. Министерот за здравство во секоја здравствена установа што ја посетил вели дека ги слушал поплаките на вработени кои за минимални пари со години работат со договор на дело. И претходниците на Меџити најавуваа решавање на овој проблем а овој кадар најмногу беше ангажиран за време на ковид пандемијата.  

-Ги слушав овие со договор на дело сегде кај што одев. И јас одма си преедов иницијатива, веќе имаме формирано и работна група со Министерството за финансии и со Фондот как онајзасегнати страни за овој проблем и мислам дека за брзо време ќе имаме решение, вели Фатмир Меџити министер за здравство.

Меџити за наесен најави и 600 нови вработувања во јавните здравствени установи и допрва ќе одлучуваат колку ќе добие болницата во Битола, колку во Штип а колку за скопските клиники. Но пред тоа мора да се договорат со финасии ова министерството повеќе да не дава согласност за вработувањата како досега. Министерот работа ќе им понуди и на приватните специјализанти.

-Тоа што е со привантите специјализанти кои од државата добиваат околу 30 000 денари месечно, за тие кога ќе завршат и не си заминат надвор од државата, јас и мојот кабинет мислиме за да ги задржиме како готово производ да бидат вработени таму каде што има потреба, вели Меџити.

Во голем број здравствени установи со години  нема вработувања, кубурат со кадар и за време на летни одмори има одделенија оставени само со еден лекар. Ќе има ли консолидација на системот ќе зависи од спроведување на ветувањата на Меџити.